Барселона е на колена, Вардар утре против Веспрем ќе се бори за својата втора титула во Лигата на шампионите. Вардар со нестварен пресврт надомести седум гола негатива, во 29 минута го имаше првото водство на мечот и се избори за финале. На крајот Вардар победи 29:27 (9:16).
Оваа генерација на играчи што го носат „црвено-црниот“ дрес ги запишаа своите имиња во клупската историја. Вардар направи еден од најголемите пресврти во историјата на завршните турнири и се пласира во своето второ финале.
Речиси 40 минути Барселона максимално ги казнуваше сите грешки на Вардар, Каталонците имаа предност од седум гола (9:16) по првиот дел, а во второто разликата ја држеа помеѓу пет и седум гола.
Пресвртот на Вардар започна по 45 минута. Полека но сигурно играчите на Парондо ја топа предноста на противникот, победата ја најавија со серијата 6:1, во периодот од 48 до 57 минута.
Кога Вардар израмни на 26:26 видлив беше стравот кај играчите на Барселона. Потоа во два напади Криштопанс и Карачиќ им ги урнаа сништата.
Милосављев блескаше на голот со 16 интервенции, а Криштопанс постигна десет гола.
Вардар за титулата ќе се бори со Веспрем. Финалето се игра утре од 18 часот.
foto: epa