Top Sport

Вардар многу подобар од Пелистер во првото големо дерби оваа сезона

Вардар стигна до убедлива 30:25 (15:12) победа над Пелистер во првото големо домашно ракометно дерби уште во второто коло од Суперлигата.

Вардар во првото полувреме, со одличниот Томовски на голот им направи многу проблеми на гостите од Битола во нападот, и почна со 6:1 предност, за на одмор да отиде со три гола предност (15:12). Во второто полувреме, Пелистер успеваше да се доближи на два гола разлика, но тимот на Стојанче Стоилов успеваше да ја задржи контролата и да забележа клучна победа.

За „црвено-црните“, Томовски блесна на голот со 13 одбрани (од кои 4 од седмерец), Лазаревски и Сердаровиќ со шест гола, додека за Пелистер, Борзаш исто така имаше шест гола.

СУПЕРЛИГА, 2.КОЛО
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 30:25 (15:12)
Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 2020 37:22 (19:10)
Тинекс Пролет – Прилеп 30:25 (17:13)
Охрид – Алкалоид 22:28 (10:16)

Фото: РК Вардар 1961

Scroll to Top