Top Sport

Вардар нема да патува во Белорусија на мечот со Мешков

Вардар потврди дека следниот меч од Лигата на шампиони на 2 март против Мешков Брест во Белорусија нема да се одигра поради ситуацијата во Украина.

„Сегашната ситуација и развојот во овие денови не го прават остварливо овој натпревар да се игра според планираното. Во процедура усогласена со претходните одлуки за натпреварите во наредната недела и со цел да се заштитат сите инволвирани страни и да се обезбеди интегритетот на натпреварувањето, ЕХФ дојде до заклучок да го откаже натпреварот“, се вели во објавата на Вардар за информацијата добиена од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Scroll to Top