Вардар со 30:22 го совлада тимот на Татран Прешов во меч од СЕХА-лигата, откако во првиот меч во 2018 година одигра нерешено на гостувањето во Белорусија кај Мешков.
Тимот од Словачка пружи отпор во првото полувреме, кое Вардар го доби со предност од 14:13, за во второто полувреме, актуелниот шампион во регионалното натпреварување да направи убедлива предност од осум гола (30:22).
Тимур Дибиров постигна девет гола, додеја пет уфрли Криштопанс, додека на голот Страхиња Милиќ имаше повеќе акција од Арпад Штербик и мечот го заврши со 12 одбрани.
Мечот беше совршена подготовка пред дуелот од Лигата на шампионите против Барселона на 10 февруари.