Ракометарите на Вардар кои ја воодушевија европската јавност со своите настапи сезонава во Лигата на шампионите го дознаа ривалот против кого ќе играат во полу-финалето на завршниот турнир во Келн.
Вардар за противник во полу-финалето ќе игра против најголемиот фаворит Барселона. Каталонскиот гигант е единствениот тим кој успеал два пати да го победи Вардар оваа сезона (26:30, 26:34).
Полу-финални двојки:
Барселона-Вардар
Веспрем-Кјелце
Завршниот турнир во Келн ќе биде првиот на кој нема да има екипи од Германија и Франција, прв на кој тимовите учесници ги предводат шпански тренери (Парондо, Душебаев, Дејвис, Пасквал).
Интересен е и податокот дека екипите што учествуваат на завршниот турнир се натпреваруваа во А-групата во Лигата на шампионите. На крајот од фазата по групи Барселона со 24 бода го освои првото место, Веспрем беа втори со 20, Вардар освои 19 бода, а Кјлеце 14.
Барселона е најтрофејниот тим во Лигата на шампионите со девет титули. Каталонците последен пат биле европски шампиони во 2015 година. Кјелце и Вардар имаат по еден трофеј, Полјаците победија во 2016, а Вардар во 2017 година.
Веспрем е единствениот тим во оваа конкуренција без европска титула. Унгарците имаат два порази во финалните натпревари, во 2015 од Барселона и во 2016 од Кјелце.
Завршниот турнир ќе се одигра на 1 и 2 јуни.
foto/epa