Вардар ќе има француски противник во Ф4 во Келн, откако дури три клуба од оваа земја се пласираа на завршницата на ракометната Лига на шампиони.
Покрај, Пари Сен-Жермен, тимот кој лани „црвено-црните“ го покорија за да станат европски шампиони и тим во кој на крајот на сезоната заминува тренерот Раул Гонзалес, меѓу најдобрите четири на стариот континент се и Нант на Кирил Лазаров (кој со четврти тим ќе игра на Ф4), но и Монпелје, откако успеаја да ги „стопираат“ Флензбург и да обезбедат ниту еден германски тим да не игра на домашното финале.
ПСЖ очекувано го помина Киелце во саботата (35:32, 34:28 во првиот натпревар), по што Нант го стопираше најголемото изненадување, данскиот Скјерн (27:27, 33:27 во првиот натпревар). На крајот, Монпелје успеа со 29:17 да го „растури“ Флензбург за да го комплетира француското трио (28:28 во првиот натпревар).
Фото: ЕХФ