Top Sport

Вардар сигурен учесник во ЛШ – Веспрем, Нант и Алборг ќе чекаат покана од ЕХФ

Лигата на шампиони во ракомет и наредната сезона ќе се игра со 16 екипи, најавеното проширување на 24 екипи е планирано за сезоната 2023/2024 година.

И покрај тоа што сезоната се уште не е завршена, викендов ќе се игра завршниот турнир, веќе се познати 10 учесници: Барселона, Кил, Магдебуг, Порто, Динамо Букурешт, Пари Сен Жермен, Виве Кјелце, Пик Сегед, Вардар и Гудме.

Европската ракометна федерација ќе додели уште шест специјални покани.

Речиси е сигурно дека покани ќе добијат Веспрем, Алборг и Нант. Веспрем и Алборг не успеаја да ги освојат титулите во домашните првенства, Веспрем во последната секунда ја загуби титула од Пик Сегед, а Гудме успеа да го изненади Алборг. Една покана би требала да оди кај вице-првакот на Франција, Нант.

Остануваат уште три места, а најсериозни кандидати се Висла Плоцк, Загреб, Елверум, Целје, а на покана се надеваат и Гранољерс, Кадетен Шафхаузен, шведскиот шампион Иштад, Спортинг Лисабон.

По долги години наредната сезона во Лигата на шампионите ќе ги нема украинскиот Мотор од Запорожје и белорускиот Мешков Брест.

Мотор следната сезона ќе игра во втората германска лига поради војната во Украина, додека Мешков поради суспензијата на белоруските клубови од страна на ЕХФ нема да биде дел од европскиот крем.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Scroll to Top