Ракометарите на Вардар забележаа убедлив пораз од Мешков Брест 22:32 на турнирот во францускиот град Стразбур.
Без тројца значајни играчи Борозан, Стоилов и Карачиќ, Вардар воопшто не можеше да му конкурира на белорускиот шампион.
Мешков Брест на полувреме имаше водство 8:13, а Вардар дури по 40 минути игра стигна до десеттиот гол (10:19). До крајот Белорусите без проблеми ја одржаа високата предност.
На турнирот во Стразбур, утре Вардар, против Нант на Кире Лазаров, ќе се бори за петтото место.