Вардар, Веспрем, Барселона и Кјелце на почетокот на јуни ќе се бора за титулата во Лигата на шампионите.
Завршниот турнир во Келн ќе биде првиот на кој нема да има екипи од Германија и Франција, прв на кој тимовите учесници ги предводат шпански тренери (Парондо, Душебаев, Дејвис, Пасквал).
Интересен е и податокот дека тимовите оваа сезона играа во А групата во Лигата на шампионите. На крајот од фазата по групи Барселона со 24 бода го освои првото место, Веспрем беа втори со 20, Вардар освои 19 бода, а Кјлеце 14.
Вардар во групата доживеа два порази од Барселона (26:30, 34:26), а има по победа и пораз против Веспрем (27:25, 27:29) и Кјелце (27:31, 28:27).
Полу-финалните двојки за завршниот турнир ќе бидат извлечени утре. Европската ракометна федерација ждрепката ја закажа за 11 часот, во своето седиште во Виена. Извлекувањето на полу-финалните двојки во живо ќе се пренесува на ЕХФ ТВ.