Top Sport

Вардар во дербито го победи Пелистер

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против акруелниот шампион со 31:28 (16:14).

Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место.

Вардар во целост го контролираше дербито, во раната фаза црвено-црните дојдоа со водство 9:5, Пелистер се доближи и на гол минус, но најчесто разликата беше два гола во корист на Вардар.

Вториот дел му припадна на Пелистер, негвиот воведен дел, со три гола Битолчани изедначија (18:18), но Вардар одговори на ист начин. Успеа повторно Пелистер да се врати на 21:21 имаше и напад за водство, не го искористи по што следуваше уште една серија на црвено-црните од 3:0.

Во последните 20 минути се „појавија“ и голманите Валах и Митревски, кои имаа неколку брилијантни интервенции. Клучната одбрана ја имаше голманот на Вардар, кога му одбрани пенал на Манасков и спречи израмнување.

Замата завршница му припадна на поранешниот репрезентативец Талески, кој со два гола ги реши дилемите околу кончениот победник.

Боно, Тузолана и Малус со по шест гола го предводеа Вардар, голманот Валах имаше девет интервенции. На спротивната страна најдобри беа Митревски со осум одбрани и Манасков со девет голови.

Foto/ facebook.com/rkvardar

Scroll to Top