Top Sport

Вардар во вториот дел успеа да го скрши отпорот на Бутел

Ракометниот првак Вардар во одложениот натпревар против Бутел Скопје во плеј-офот од Суперлигата забележа победа против Бутел Скопје од 25:21 и ја продолжи битката со Еурофарм Пелистер за шампионската титула. Бутел по поразот останува на третата позиција со два бода повеќе од Еурофарм Пелистер 2.

Вардар подобро го почна натпреварот, но пред одморот Бутел успеа да направи серија и на полувреме замина со нерешен резултат 10:10.

Во вториот дел, сепак, ракометарите на Вардар додадоа гас и стигнаа до триумф. Во 45. минута вардарци дојдоа до четири гола позитива (20:16) и успеаја да ја одржат таа предност до крајот.

Куни Моралес беше најефикасен во тимот на Вардар со седум гола, по четири постигнаа Талески и Карапалески. Кај Бутел, Марко Митев беше стрелец на пет погодоци.

 

Scroll to Top