Top Sport

Вардарци го „преслушаа“ Фуксе Берлин

По „киксот“ и незгодниот пораз од германскиот второлигаш Хамбург, македонскиот шампион Вардар денеска се „оправда“ и стигна до убедлива победа од 32:24 над многу поголемиот Фуксе Берлин во меч од „Хајде купот“.

Берлин тргна подобро и поведе со 5:2 за на полувреме да оди со два гола предност (15:12), а во второто полувреме, тимот на Парондо влезе во „втора брзина“ и стигна до убедлива победа.

Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасниот играч на Вардар, а Ханс Линдберг со 11 гола најефикасен на натпреварот.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top