На Вардар му беа потребни дури шест минути да го „пробијат“ фантастичниот голман на Кил, Никлас Ландин, во период во кој гостите водеа со 0:3, за на крајот да се отиде на полувреме со 13:13 во последниот европски меч пред домашна публика за европскиот шампион оваа сезона.
Зарабец и Френд-Еферс му донесоа на германскиот тим 0:3 за лош старт на мечот во СЦ „Јане Сандански“, но „црвено-црните“ прво се вратија за водство од 4:3 преку двата гола на Борозан, за по 15-тина минути игра предноста да се зголеми на 10:7.
Дека вторите половина час нема да бидат лесни Кил покажа по одличните партии на Вујин и Зарабец, кои го оставаат германскиот тим во игра.
Предводени од фантастичната публика, вардарци ги делат уште 30 минути цврста игра за пласман на Ф4 турнирот и шанса за одбрана на европската титула.
Incredible start from @Niklas_Landin! The @thw_handball keeper stopped @HCVardar from scoring until the sixth minute while his side built a narrow lead in the #veluxehfcl quarter-final. Catch the action live now: https://t.co/G3UfNaWysU pic.twitter.com/Uq0oefkQvN
— EHF Champions League (@ehfcl) April 29, 2018