Top Sport

Надал без милост за грчкиот тинејџер, со 11. титула во Каталонија

Грчкиот тинејџер Стефанос Циципас го играше своето прво АТП финале во кариерата на земја во „домот“ на Рафаел Надал во Барселона, за да загуби со 6:2/6:1 од најдобриот тенисер на земјена подлога во историјата.

Надал сега има невозможна низа од 19 победи на земја, или 46 освоени сета едноподруго, влегувајќи на Францускиот опен во застрашувачка форма со јасно прашање – ќе се најде ли „јунак“ кој ќе го сопре светскиот број 1.

19-годишниот Циципас, кој го елиминираше специјалистот на земја, Доминик Тим на патот до финалето, едноставно немаше одговор за моќта на Надал и загуби по само час и 18 минути игра на терените во Каталонија.ж

Следен турнир за Надал е уште еден домашен турнир – Мадрид опен во мај.

Фото: ЕПА

Scroll to Top