Top Sport

Вардарци го „скршија“ ѕидот на Ландин, „егал“ на полувреме

На Вардар му беа потребни дури шест минути да го „пробијат“ фантастичниот голман на Кил, Никлас Ландин, во период во кој гостите водеа со 0:3, за на крајот да се отиде на полувреме со 13:13 во последниот европски меч пред домашна публика за европскиот шампион оваа сезона.

Зарабец  и Френд-Еферс му донесоа на германскиот тим 0:3 за лош старт на мечот во СЦ „Јане Сандански“, но „црвено-црните“ прво се вратија за водство од 4:3 преку двата гола на Борозан, за по 15-тина минути игра предноста да се зголеми на 10:7.

Дека вторите половина час нема да бидат лесни Кил покажа по одличните партии на Вујин и Зарабец, кои го оставаат германскиот тим во игра.

Предводени од фантастичната публика, вардарци ги делат уште 30 минути цврста игра за пласман на Ф4 турнирот и шанса за одбрана на европската титула.

Scroll to Top