Европскиот шампион Вардар ги заврши настапите во Лигата на шампионите во 2017 година со уште една импресивна партија, победувајќи ги шведските Кристијанштад со неверојатни 31:15 за да ја продолжат победничката низа на 15 меча од Лигата на шампионите.
Гостите во СЦ „Јане Сандански“ се држеа „цврсто“ само на почетокот на мечот, но Вардарци стигнаа до 8:5 водство по 20 минути, а потоа го кренаа „темпото“ и до полувремето разликата дојде на 14:8, со што победата беше обезбедена и пред вторите 30 минути.
Во второто полувреме, Арпад Штербик беше уште подобар, и дури девет минути гостите не успеаја да постигнат гол, а дотогаш Вардар веќе имаше 19:8 предност, по што само рутински го доведоа до крај натпреварот играјќи за својата публика.
Момците на Раул Гоналес се бореа како да се работи за финале и едноставно го декласира рано својот противник и го оставија без шанси за успех на денешниот меч.
Во тимот на Раул Гонзалес, најдобар стрелец беше Тимур Дибиров со седум постигнати гола, Игор Карачиќ постигна пет гола, додека Иван Чупиќ и Хозе Македа имаа по четири гола. Штербик блесна со 17 одбрани. Кај гостите најефикасен беше Соренсен со четири гола.
ВАРДАР – КРИСТИЈАНШТАД 31:15 (14:8)
Фото: ФК Вардар