Вардар се намачи, но стигна до важна 20:19 победа над стариот познаник ППД Загреб во 12. коло во ЕХФ Лигата на шампиони за да си ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето.
Се играше гол-за-гол до 5:6, кога Вардар со серија од четири гола дојде до предност од 9:6, за на полувреме да отиде со два гола предност (11:9). Во второто полувреме, „плинарите“ се вратија во игра и поведоа со 14:15 на 15 минути до крајот, за повторно тимот на Дејвид Дејвис да дојде до предност со серија од 16:17 на 20:17. Оваа предност, Вардар не ја испушти до крајот.
Филип Талески и Оливие Њокас постигнаа по четири гола за Вардар, додека по три уфрлија Валчак и Моралес, а за Загреб, Чаба Лајметер имаше 4 гола.
Во другите мечеви во групата на Вардар, Монпелје доживеа катастрофа кај Кил губејќи со 35:26, додека Алборг со 32:27 го совлада Елверум во скандинавското дерби. Во групата Б пак, Кјелце се зацврсти на првото место на табелата со 33:27 победа над украинскиот Мотор Запорожје.
Фото: РК Вардар
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Вардар – ППД Загреб 20:19 (11:9)
Алборг – Елверум 32:27 (14:13)
Кил – Монпелје 35:26 (19:13)
ГРУПА Б
Кјелце – Мотор Запорожје 33:27 (19:13)