Top Sport

Вардарецот Карачиќ најдобар меѓу најдобрите (Видео)

Левиот бек на Вардар, Игор Карачиќ, блескаше во саботата против Мешков Брест, поради што е избран во идеалниот тим на шестото коло, во Лигата на шампионите.

Карачиќ, против Мешков Брест го одигра веројатно најдобриот меч во дресот на Вардар и со 11 гола, го предводеше тимот до победата 30:23. За да постигне 11 гола хрватскиот репрезентативец потроши само 14 топки.

Вардар, по шест кола, ја дели првата позиција на табелата со Барселона. Во пресрет на меѓусебниот дуел, наредниот викенд во Скопје, двата тима имаат по 10 бода.

Покрај Карачиќ во тимот на шестото коло уште се и голманот на Фленсбург Бенјамин Буриќ, левото крило на Елверум, Александар Вестби и десното крило на Висла, Михал Дашек, како и пикерот на Рајн Некар Јаник Колбахер.

Заедно со Карачиќ бековската линија ја формираа Аиденас Маласинсакс од Мотор Запорожје и Мелвин Ричардсон од Монпелје.

Тимот на колото на ЕХФ може да го погледнете на следниот линк.

Scroll to Top