ЖРК Вардар стигна до лесна 39:18 победа над Металург на гостувањето во Автокоманда во меч од Првата македонска лига.
Со втор состав, „црвено-црните“ беа доминантни, а посебно се искажаа Сара Ристовска и Јована Саздовска. Ристовска имаше 13 постигнати гола, додека Саздовска погоди девет пати. Во составот на Вардар не играа Лејно, Радичевиќ, Кузнецова, Пенезиќ, Лакрабер и Цвииќ.
По седум кола, Вардар е убедливо прв со седум победи во исто толку меча.
Фото: ЖРК Вардар