Top Sport

Веселин Вујовиќ ќе го преземе Железничар

Ракометната легенда Веселин Вујовиќ ќе биде тренер на Железничар од Ниш, пишува српскиот весник „Спортски журнал“.

Некогаш најдобриот светски ракометар, кој е и селектор на репрезентацијата на Словенија, во српскиот ракомет се враќа по 12 години.

Истиот извор пренесува дека Вујовиќ имал две понуди за наредната сезона, една од Полска, од Висла Плок, а втората од Ниш. Тој решил да ја прифати понудата на Железничар кој во новата сезона ќе се натпреварува во СЕХА лигата.

Поранешниот трофеен играч на Металопластика, Барселона, Гранолјес и југословенската репрезентација, во тренерската кариера работел во Металопластика, Сиудад реал, Вардар, Ал Сад, Ал Шабаб, Загреб и Копер.

Scroll to Top