Top Sport

Веспрем го „собори“ Кјелце, ПСЖ лесно во Букурешт

Веспрем со 35:33 го доби лидерот Кјелце во дербито на вечерта во групата Б во ЕХФ Лигата на шампиони, додека Пари Сен-Жермен лесно со 39:31 го победи Динамо Букурешт за да се искачи на второто место на табелата.

Лошата серија на Кјелце на гостувањата во „Веспрем арената“ продолжува, бидејќи тие последен пат победиле во Унгарија во 2012 година. Вечерва, со победа, тие ќе обезбедеа директен пласман во четврт-финалето, но и со поразот шансите за едно од првите две места останува реално.

Веспрем беа подобри во првото полувреме, но на стартот на второто, Кјелце дојдоа до предност до два гола, а домаќините не дадоа гол шест минути. Но, тогаш почна лошата серија на полскиот клуб, кој осум минути не даде гол, а Петар Ненадиќ беше одличен за унгарскиот тим и на седум минути пред крајот беше 5 гола разлика за Унгарците. Ненадиќ и Кентин Мае беа најефикасни за Веспрем со 6 постигнати голови, колку што имаа и Алекс Душебаев и Дилан Нахи за Кјелце.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б

Веспрем – Кјелце 35:33 (18:16)

Динамо Букурешт – Пари Сен-Жермен 31:39 (16:20)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top