Top Sport

Веспрем моќно против Мотор, ќе ја брани титулата против ППД Загреб

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем ќе ја брани титулата од СЕХА лигата, откако во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Задар, без поголема мака со 36:29 (20:14) го совлада Мотор Запорожје. Веспрем ќе оди на четврта титула во регионалното натпреварување, со која би се израмниле со Вардар како најтрофеен клуб во СЕХА лигата.

Противиник во финалето ќе му биде ППД Загреб, екипа која загуби во четврт-финалето од Вардар, но потоа по исклучувањето на „црвено-црните“ поради позитивниот тест на Борко Ристовски, во драматичен меч на пенали го елиминираа белорускиот Мешков Брест.

Откако Мотор се држеше на разлика од гол-два во првите 20 минути игра, Веспрем со фантастичен финиш на првото полувреме предводени од фантастичниот голман Владимир Цупара, направија шест гола предност (20:14). Во второто полувреме, украинскиот клуб повторно се доближи на два разлика, но Веспрем рутински го врати водството.

Scroll to Top