Top Sport

Веспрем по драмата ја освои четвртата СЕХА титула и се израмни со Вардар

Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ја освои четвртата титула од СЕХА лигата откако на пенали ги совладаа ППД Загреб во драматична завршница, откако регуларниот дел мечот заврши 27:27.

Загреб на Фајнал фор турнирот во Задар успеа да влезе иако беше поразен во четврт-финалето од Вардар, откако „црвено-црните“ беа исфрлени од Ф4 поради позитивниот тест на КОВИД-19 на Борко Ристовски, во полуфиналето во слична драма ги победија Мешков Брест, но овојпат и импресивниот камбек во второто полувреме не беше доволен за титула на тимот на поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван.

Веспрем имаа водство од 15:13 по првите половина час игра, но „плинарите“, предводени од Иван Чупиќ се вратија за да израмнат во финишот на мечот. Во пенал-серијата, херој на унгарскиот тим беше фантастичниот голман Владимир Цупара, кој направи одбрана вредна титула.

Scroll to Top