Елверум направи сензација во ЕХФ Лигата на шампионите, откако успеаја со 34:30 на гости да ги победат Пик Сегед за сега да нема непоразени во групата А, каде што и македонскиот шампион Вардар вчера го доживеа првиот пораз.
По три кола, Сегед беа непоразени во групата А, додека Елверум имаа освоео само два поени од две ремија, но норвешкиот клуб успеа да победи сред Унгарија предводени од унгарски ракометар, Доминик Мате, кој беше одличен покрај 20-годишниот Тобијас Грондал кој постигна 9 гола. Сега, на врвот на групата А, Алборг и Кил имаат по шест поени, додека по пет имаат Монпелје, Сегед и Вардар.
Во дербито на вечерта во групата Б, Порто на Никола Митревски едноставно немаше сили против вториот унгарски ракометен гигант, Веспрем губејќи дома со 23:30. Со оваа победа Веспрем се израмни со лидерите во групата Б, Кјелце и Барселона со шест поени, откако Барселона немаше проблеми со Динамо Букурешт, стигнувајќи до 36:32 победа.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО
ГРУПА А
Пик Сегед – Елверум 30:34 (15:19)
ГРУПА Б
Барселона – Динамо Букурешт 36:32 (19:14)
Порто – Веспрем 23:30 (10:16)
Пари Сен-Жермен – Мотор Запорожје 40:32 (19:14)