Top Sport

Веспрем загуби во Данска, но обезбеди билет за Ф4 во Лигата на шампиони

Унгарскиот Веспрем го продолжува својот сон за прва титула од Лигата на шампинионите, откако станаа првиот клуб кој се пласираше на Фајнал фор турнирот во Келн и покрај 37:35 (20:21) поразот на гости кај Алборг, откако во првиот меч на домашен терен направија убедлива предност од 7 гола (36:29).

26-кратниот унгарски шампион поведе од стартот на мечот и замина на полувреме со еден гол предност (20:21), по што во финишот на мечот, кога беше јасно дека не може да се достигне нивната предност, дозволија домаќините да дојдат до водство. Кентин Мае и Расмус Лауге Шмит имаа по шест гола за унгарскиот тим, додека Бјорнсен и Јул-Ларсен постигнаа по 9 голови за Алборг.

Веспрем досега имаат загубено четири финалиња во Лигата на шампионите (2002, 2015, 2016, 2019) и од европските успеси можат да се пофалат со две титули од Купот на победници на купови (1992 и 2008).

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ

Алборг – Веспрем 37:35 (20:21), прв меч 29:36

Кјелце – Монпелје 20.45 ч., прв меч 31:28

Кил – Пари Сен-Жермен утре, прв меч 30:30

Барселона – Флензбург утре, прв меч 29:33

Scroll to Top