Top Sport

Во Австралија се прашуваат: Дали Федерер поддржува расизам и сексизам?

Роџер Федерер предизвика бура на реакции во Австралија откако објави видео (кое подоцна беше избришано) со посвета за контроверзниот радио-водител Алан Џонс.

Џонс, поранешен тренер на рагби репрезентацијата на Австралија, е (не)славен во Австралија по неговите сексистички и расистички изјави, како кога изјави дека австралискиот премиер Скот Морисон треба да и „заглави чорапа во грлото“ на премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн. Покрај тоа, Џонс во 2005 година беше обвинет дека предизвикува расистичка омраза, откако организираше собир од 5.000 луѓе кои подоцна нападнаа имигранти во Сиднеј.

„Сакав да ти посакам најдобро за тоа што е пред тебе. И честитки на неверојатната 35-годишна кариера“, изјави 20-кратниот гренд слем шампион во видео пораката по повод пензионирањето на 79-годишниот Џонс.

Социјалните мрежи „збувнаа“ со коментари против Федерер.

„Се надевам дека ќе ги прочиташ сите расистички и сексистички изјави на Алан Џонс. Тажно е што на таков човек му праќаш порака“, напиша еден австралиски фан на Твитер.

„Тој е расист и мизогинист. Изјави дека поранешната австралиска премиерка Џулија Гилард треба да биде фрлена во вреќа во море“, коментираше друг.

Scroll to Top