Српскиот ракометар, Момир Илиќ кој е член на унгарски Веспрем на крајот на сезоната ќе ја смени средината.
Информациите кои ги пренесува „Спортове Факти“ се дека бомбардерот Илиќ освен неколкуте понуди кои му се стигнати на адреса, не е чудо налето да реши да стави крај на играчката кариера.
Најзагреан да го ангажира ракометниот бек е полскиот тим Висла Плоцк.
Од поеминентните клубови, Илиќ има настапувано во Горење, Гумерсбах и Кил, а веќе петта сезона е дел од Веспрем.