Top Sport

Нејмар доживеал нервен слом: Кога ми ја кажаа ситуацијата плачев два дена!

Напаѓачот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар признал дека потполно бил надвор од себе кога му соопштиле дека поради повредата ќе треба да направи подолга пауза од терените.

Бразилецот на натпревар од францускиот Куп против Стразбур доживеа тешка повреда на петата на десната нога. Тешко го прифати фактот дека долго нема да може да се врати на теренот.

„Овојпат се беше покомплицирано. Кога се повредив првиот пат си реков дека мораш што побргу да се вратам. Бев надвор од себе. Овојпат ми беше многу потешко да прифатам. Плачев два дена“ – изјавил Нејмар за „Globo Esporte“.

Напаѓачот на „Светците“ ќе го пропушти и реванш мечот од осминафиналето против Манчестер Јунајтед, а според најавите, би можел да биде подготвен за евентуалното четвртфинале во ЛШ.

Scroll to Top