Ракометарите на Алкалоид го освоија првиот бод во европските натпревари. Во Логроњо, екипата на Кире Лазаров одигра 29:29 со Ла Риоха, во рамките на второто коло во Лига Европа.
Бино со седум и Џонов со шест гола го предводеа Алкалоид, кој во второто полувреме ја надомести негативата од три гола.
Бод на Алкалоид му донесе Петковски со гол на девет секунди до крајот на натпреварот.
Фото/ facebook.com/rkalkaloid