Top Sport

(Видео) Контроверзната судиска одлука во очај го фрли Талант Душебаев – Магдебург на пенали го победи Кјелце

Магдебург ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите, откако на пенали го елиминира Кјелце. Дуелот на минатогодишните финалисти, ја одбележа контроверзната судиска одлука на крајот од натпреварот.

Кјелце имаше напад за полуфинале, а топката заврши во рацете на Даниел Душебаев, кој при прекршок ја фрли на линијата од шест метри. Таа не успеа да стигне до Лукас Турна, но ја фати Арцем Караљок, кој имаше чиста ситуација пред себе, но шведските судии во тој момент досудија прекршок врз Душебаев.

Ракометарите на Кјелце не можеа да се помират со таа одлука, а еден од најгласните на протестите беше поранешниот вардарец, Игор Карачиќ, кој клекна пред судиите. Во неверување беше и тренерот на Кјелце, Талант Душебаев, кој влезе на теренот и се држеше за глава.

Натпреварот заврши со победа на Магдебург 23:22, бидејќи Кјелце со еден гол славеше на домашен терен во првиот натпревар, пеналите го решија патникот на завршниот турнир.

Во пенал драмата пет серии немаше победник бидејќи ракометарите на двата клуба беа прецизни по три пати. Сергеј Ернандез Ферер за Магдебург и Андреас Волф за Кјелце одбранија по два удари. Еден од трагичарите на полскиот клуб беше Игор Карачиќ, кој промаши седмерец во првата серија. Уште поголем трагичар испадна Алекс Душебајев, кој во последната серија не реализираше седмерец за победа.

Ферер го казни тоа така што го одбрани ударот на Дилан Нахи во шестата серија, а Омар Инги Магнусон потоа погоди за победа на Магдебург.

Магнусон беше и најдобар поединец на германскиот тим во 60 минута со шест гола, додека гостите ги предводеше Алекс Дујшебајев со четири гола. Карачиќ имаше три гола и три асистенции.

Scroll to Top