Еурофарм Пелистер со победата над Тиквеш 35:26 (16:17), стави крај на шампионската сезона. Пелистер по 2005 година ја освои седмата титула во клупската историја.
На паркетот во салата „Боро Чурлевски“ беа повеќето играчи од трофејната генерација која ја освоититулата во сезоната 2004/2005.
Пред почеткот на натпреварот ракометарите на Тиквеш со шпалир ги пречекаа новите шампиони.
Натпреварот потоа како да имаше ревијален карактер. Во првиот дел Тиквеш успешно парираше, во вториот Пелистерци малку го кренаа нивото на играта и на крај убедливо славеа.
Атанасијевиќ со шест и Хосни со пет гола го предводеа Еурофарм Пелистер.
Фото/facebook.com/hceurofarmpelister