Ракометарките на Куманово го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во финалето, во салата „Билјанини извори“ во Охрид, Куманово го победи Вардар со 32:31.
Ракометарките од Куманово, на полувреме имаа предност од три гола (15:12), на почетокот на вториот дел водеа со 19:14, кога Вардар одговори со шест гола за преземање на водството 19:20.
Сепак во завршните 10 минути, Куманово влезе со предност од три гола (29:26). Победникот во драмтичниот натпревар го реши Граматова со гол на осум секунди до крајот.
Куманов во Охрид го освои третиот трофеј во Купот во клупската историја, претходно најдобри беа во 2019 и 2021 година.