Top Sport

Видерер: Ако си ги исполни обврските Вардар ќе игра во ЛШ

Првиот човек на Е ропската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер, деновие престојува во Скопје и со големо внимание ги следи натпреварите на Европското првенство во женска конкуренција.

Челникот на ЕХФ, во суперлативи ја оцени организацијата на шампионатот и најави дека во иднина Македонија би можелда да биде ко-домаќин на контнеталниот собир во машка конкуренција.

Видерер проговори и за исфрлањето на Вардар 1961 од Лигата на шампионите. Видерер не е сигурен дека црвено-црните наредната сезона повторно ќе бидат дел од европската клупска елита.

„ ЕХФ мораше така да реагира. Се обидовме да најдеме решение, но се остана само на ветувањата. Луѓето од Вардар се обидоа да најдат решение, кога не успеаја бараваме друго решение. Цело време ние бевме под притисок од другите клубови кои се жалеа. Според нов Вардар им нудел на ракометарите огромни плати за да ги донесе, а потоа не им ги исплаќл. Откако увидовме дека нема начин да бидат подмирени долговите, моравме да го исклучиме Вардар од ЛШ.“, изјави Видерер.

Првиот човек на ЕХФ, на Вардар му порача да си ги среди долговите доколку сака во иднина да се натпреварува во ЛШ.

Scroll to Top