Top Sport

Вилсон Дејвис: Ривалството меѓу Пелистер и Вардар може да се спореди со Порто – Бенфика

Ракометниот вицепрвак Еурофарм Пелистер го претстави новото засилување Вилсон Дејвис од Иври. Португалскиот среден бек реши да ја замине Франција со Македонија.

Тој веднаш сфати дека ривалството меѓу Пелистер и Вардар е нешто слично како ривалитетот на Бенгика и на Порто во неговата земја.

„Немав можност многу да го видам градот, но кога излегов воочив дека луѓето ме препознаваат, го знаат ракометот. На пример пред некој ден ми пријде еден човек и ми рече: „Оваа година ја сакаме титулата“. Ќе работиме како овој човек и сите навивачи да ги задоволиме. Спремен сум на тој притисок, веќе ми кажуваа за Битола и би била голема радост да ја донесеме титулата во градот. Играв во Порто и можам да ви кажам дека ривалството со екипите од Лисабон, посебно со Бенфика, е големо. Ова ривалство меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 може да се споредува со тоа. Го видов тоа и од видео снимките од минатата сезона“, заврши Дејвис.

Тој верува дека Еурофарм Пелистер ќе се бори за титулата и дека ќе успее да ги израдува фановите.

„Шансата да дојдам тука ми ја понуди мојот менаџер кој ми кажуваше за идејата на клубот да конструира силен тим за да ги освои домашните титули. Тоа ме заинтересира многу и не беше тешко да се одлучам да потпишам за овој клуб. За мене е задоволство и голем предизвик што сум во Еурофарм Пелистер. Клубот има големи амбиции, сака да освојува титули, да биде градот среќен, бидејќи 18 години е без титула. Веќе нестрпливо сакам да играм и да освојувам трофеи пред нашите навивачи.

Имаме искусна екипа и млади момци, но генерално многу квалитет има во оваа група. Добивме скандинавски тренер, со свои идеи за атрактивен ракомет. Се трча многу и се бара многу напади, но и силна одбрана, каква што е неопходна. Првите импресии ми се одлични, сите напорно работат и градиме нешто за да биде подобро“, вели 33-годишниот среден бек.

Вилсон Дејвис има шест титули со Порто, а трофеј освоил и со Нант во Франција.

Scroll to Top