Полскиот фаворит Висла Плоцк стигна до нова убедлива 35:20 (16:10) победа над Металург во меч од Европската лига на ЕХФ, докажувајќи ја силата на противникот, но и ограничениот број на ракометари достапни на тренерот Оливер Димитриоски поради повреди и КОВИД-19.
За разлика од првиот меч, кога разликата беше 19 гола, овојпат полскиот клуб застана на +15, откако немаше неизвесност од стартот до финишот на мечот.
За Висла ова е деветта победа во девет меча од Европската лига, со што се на првото место во групата А, додека Металург се на последното место со само едно реми во шест меча.