Top Sport

Висла во финишот се „разбуди“ и се избори за реми со Магдебург

Германскиот фаворит Магдебург пропушти огромна шанса да си замине од Полска со победа, откако Висла Плоцк во последните минути се врати за 22:22 (9:12) реми во првиот меч од четврт-финалето на ЕХФ Лигата на шампиони.

Бундеслигашот поведе од почетокот на мечот и во текот на првото полувреме имаше пет гола разлика во меч со многу малку голови, за на крајот во последните неколку минути полскиот тим да се „разбуди“ и да стигне до израмнување 22:22. Магдебург имаа напад за победа, но обидот на Михаел Дамгард се случи по доскокот, за Висла да добие и шанса за шокантна победа. Меѓутоа, обидот на Сергеј Косоротов беше одбранет од Мајк Јенсен.

Дамгард беше најефикасен кај Магдебург со пет гола, додека кај домаќините Ловро Михиќ имаше четири постигнати гола.

Scroll to Top