Квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство помеѓу јуниорските женски селекции на Србија и Косово, со одлука на српската влада нема да биде одигран, објавија „Новости“.
Натпреварот е дел од квалификациската група во која уште се и селекциите на Норвешка и Словачка.
Инаку натпреварот требаше да биде одигран во Крагуевац, меѓутоа атмосферата околу натпреварот се влоши по одлуката дуелот да биде одигран без интонирање на химните, националните обележја, како и без присуство на публика и на медиумите.
Со цел да се избегнат тензиите дуелот од Крагуевац е префрлен во Коволово, но таму од вчера се собрале многу навивачи со најава дека ќе бидат присутни на натпреварот.