Top Sport

Во последната секунда Вардар пропушти победа над Порто и фантастичниот Митревски

Вардар во уште еден драматичен финиш, не успеа да ја забележи втората победа едноподруго во ЕХФ Лигата на шампионите, откако пропушти победа во последните секунди за 24:24 (13:12) реми со упорниот Порто, за кој блесна македонскиот голман, Никола Митревски.

Португалскиот клуб уште на почетокот покажа дека ќе биде противник кој не смее да се потцени, откако по првичното водство од 4:2 на Вардар, направија серија од 0:6 за 8:4, предводени од одличниот Митревски на голот. Вардар успеа да се соземе и да го врати водството до полувреме (13:12), и оддржуваше предност од еден гол до 42. минута од мечот, кога Порто успеа да поведе повторно со два гола разлика (22:24).

Во неверојатниот финиш, Вардар успеа да се врати и да има предност преку Иван Чупиќ, за на крајот во последната секунда со малку среќа португалскиот клуб да дојде до поен. Чупиќ беше најефикасен со седум постигнати гола, ветеранот Марко Вујин додаде пет, додека Борко Ристовски имаше 17 одбрани на голот.

Во другите натпревари, Кјелце и Флензбург ја продолжија трката за првото место – Флензбург потешко од очекувањата со 37:35 го победи Елверум, додека Кјелце ја продолжи лошата низа на Пари Сен-Жермен со 35:33 победа. Мешков претходно со 26:24 го победи Пик Сегед, оставајќи го унгарскиот клуб без поени оваа сезона.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А

ВАРДАР – Порто 25:25 (13:12)

Мешков Брест – Пик Сегед 26:24 (11:12)

Флензбург – Елверум 37:35 (18:14)

Кјелце – ПСЖ 35:33 (18:18)

Табела: 1.Кјелце 8, 2.Флензбург 8, 3.Мешков 6, 4.Порто 5, 5.Вардар 3, 6.ПСЖ 2,  7.Елверум 2, 8.Пик Сегед 0.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top