Top Sport

Волф го однесе Кјелце во финалето

Ракометарите на Кјелцего повторија минатогодишниот резултат и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите. Во второто полуфинале, Кјлеце го победи ПСЖ со 25:24 (16:14). За титулата, Кјлеце ќе утре ќе игра против Магдебург. Германскиот тим по 70 минути борба и пенал рулетот ја победи Барселона.

Второто полуфинале понуди голема борба и врвна партија на голманите на двата тима. Кјелце беа подобри токуму за тој еден гол. Клучната разлика полскиот првак ја направи на почетокот на вториот дел кога стигна до предност од три гола.

ПСЖ се врати во мечот и со серија 4:0 го презеде водството. До крајот се играше гол за гол, а победата на Полјаците им ја обезбеди голманот Волф, откако со помош на блокот го одбрани ударот на Прнади. Претходно голот за победа на Кјлеце го постигна Морито од пенал.

Најефикасни играчи на мечот беа Душебаев и Стеин со по шест гола.

Scroll to Top