Поранешниот хрватски репрезентативец, Игор Вори е нов тренер на шампионот на оваа земја, ППД Загреб по заминувањето на Веселин Вујовиќ поради приватни причини. Ова е прва тренерска работа за Вори.
Вори од 2003 до 2018 беше член на хрватската ракометна репрезентација, освојувајќи ја олимписката титула во Атина во 2004 и светската титула во Португалија во 2003 година. По крајот на кариерата пред две години, тој беше спортски директор на хрватската репрезентација за да му стане помошник на Лино Червар на Европското првенство оваа година.
Црногорецот Вујовиќ минатата недела си поднесе оставка поради лични причини, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе го преземе својот стар клуб, актуелниот европски шампион Вардар.