Top Sport

Време е да се помине „словенечкиот тест“

Македонија го стартува Европското првенство во Хрватска денеска во 19.30 часот, кога не чека вистински тест против третопласираната репрезентација од претходното Светско првенство, Словенија.

Противникот дефинитивно е моќен, но селекторот Раул Гонзалес и репрезентативците знаат дека во нашата група, во која се и Германија и Црна Гора нема лесен противник, иако три репрезентации одат понатаму.

Македонија одработи два тренинзи во загрепската „Арена“, а Гонзалес ги избра 16-те ракометари кои треба да ги одмерат силите со тимот на Веселин Вујовиќ. Пред нашиот меч, Германија и Црна Гора го отвараат натпреварувањето во Б-групата со меч од 17.15 часот.

МАКЕДОНИЈА

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, Аце Јоновски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски

Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Scroll to Top