Top Sport

Време е Вардар да го наплати „долгот“ на Ѓер

Македонскиот шампион ЖРК Вардар е подготвен во последниот „лебедев танц“ да ја донесе титулата и од женската Лига на шампионите во Скопје, одмаздувајќи му се на унгарскиот Ѓер за минатогодишниот драматичен пораз.

Вардарки последен пат ќе играат меч во овој состав, откако следната година по намалувањето на инвестиците на Сергеј Самсоненко, ќе имаме сосема поинаков „црвено-црн“ состав, без големите европски ѕвезди, така што мотивација сигурно нема да недостасува на теренот во Будимпешта, иако повторно ќе се соочат со непријателската публика, која сигурно ќе биде наклонета кон актуелниот шампион.

Ѓер минатата година успеа да го победи Вардар по продолженијата со еден гол разлика и досега има три победи во петте меѓусебни дуели со македонскиот шампион, а покрај тоа беа убедливи во полуфиналето со ЧСМ Букурешт, тимот каде што ќе завршат голем број на ракометарките на Вардар. И европскиот вицешампион беше убедлив и со 25:19 го совлада рускиот Ростов, и нема сомнеж дека во финалето ќе играат двете најдобри женски екипи во Европа.

Дуелот започнува во 18 часот.

Фото: ЕПА

Вардарки во ново европско финале, Лејно го уништи Ростов

Scroll to Top