На денешен ден во 2017 година ракометарите на Вардар ја освоија првата титула во Лигата на шампионите.
Вардар на завршниот турнир најпрвин забележа сензационална победа над Барселона во полу-финалето 26:25, а потоа во финалниот меч со голот на Иван Чупиќ во последните секунди црвено-црните го совладаа ПСЖ со 24:23.
Најефикасен играч на натпреварот беше Тимур Дибиров со шест гола, по три постигнаа Вуко Борозан, Лука Циндриќ и Иван Чупиќ. Голманот Ароад Штербик беше избран за МВП на завршниот турнир.
Тренер на таа шампионска генерација на Вардар беше Раул Гонзалес.