Top Sport

Проблем за Барселона, се повредил Меси

Аларм во Барселона. Најдобриот играч во светот Лионел Меси е повреден. Барселона на 13 јуни ќе го одигра првиот меч по долгата пауза која ја предизвика коронавирусот. Каталонците ќе гостуваат на Балеарските острови кај Мајорка.

Во последните 11 кола од Ла Лига барселона влегува со предност од два бода во однос на Реал Мадрид. Првиот меч по паузата Барселона ќе го одигра против Мајорка веројатно без својот лидер Меси.

Шпанските медиуми објавија дека на последниот тренинг тој почувствувал силна болка во десната нога. Лекарскиот тим веднаш извршил прегледи и спoред нив Меси најверојатно нема да игра против Мајорка. Лекарите препорачале Меси да мирува во наредните десет дена.

Scroll to Top