Словенечкиот селектор, Веселин Вујовиќ вели дека не треба да се потцени Македонија пред првиот меч од ЕП за двете репрезентации денеска во 19.30 часот, оценувајќи ја нашата репрезентација како силна.
„Ќе се сретнеме со сериозен тим кој игра сличен ракомет како и Србија – спор, тактичен, без многу грешки и мораме да им одговориме бидејќи имаме квалитет. Во Македонија има еуфорија, тие веруваат дека можат да не победат. Но, ние сме свесни за нашиот квалитет и своето ќе го покажеме на теренот“, вели Вујовиќ, кој добро го познава македонскиот ракомет.
Иако на трибините дефинитивно ќе има повеќе словенечки навивачи, Вујовиќ знае дека македонските фанови ќе бидат исто толку гласни и ги предупреди играчите да не подлегнуваат на еуфоријата.
„Не сум нервозен бидејќи имаме добар тим и остануваме фокусирани. Нема да отстапиме од нашата игра“, додава Вујовиќ.