Top Sport

Вујовиќ: Играчите немаат пари да си купат чоколадо или сок

Ракометниот клуб Железничар од Ниш ја потврди оставката на тренерот Веселин Вујовиќ. Легендата поднесе оставка по поразот од Војводија (23:22). Вујовиќ појанил дека покрај поразот, лошата финансиска ситуација го натерала да замине од клубот.

„На играчите им најавив дека доколку биде поразени, дека ќе поднесам оставка. Стојам зад оваа своја одлука иако челниците на клубот се обидоа да ме задржат. Мислам дека оставката е морален чин по претрпени два порази од една страна, а од друга страна зад мене е една долга и тешка сезона која од почеток беше се замо не добра и за мене и за клубот. Не сакам на никого да му забележам ништо, не мислам дека било кој во клубот имал лоши намери, но од почетокот работев во ненормални услови, не можам повеќе. Им благодарам на сите, на играчите, клупските челници, градоначалникот, луѓето од секторот за спорт, но финансиските проблеми се премногу големи“, рекол Вујовиќ.
Поранешниот тренер на Вардар и миленик на скопската публика, за „Танјуг“, во неколку збора опишал колку со какви финансиски проблеми се соочуваат во Железничар.

„На патувањата, кога правиме паузи, ракометарите немаат пари за чоколадо или сок, а не пак да платат кирија“.

foto/epa

Scroll to Top