Top Sport

Вујовиќ: Јас сум Југословен, видовте ли како ме пречекаа во Скопје (видео)

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ во интервју за ТВ-каналот „Спорт клуб“, вели дека е „најголемиот“ Југословен – роден е во Црна Гора, работел во Хрватска и Македонија, а живее во Шабац, Србија.

„Никогаш не сум се мешал во политиката и не сум националист. Тоа што сум роден во Црна Гора, а сум работел во сите држави и што живеам во Шабац ме прави уште поголем Југословен. И денеска кога ќе ја слушнам ‘Хеј, Словени’ ми поминуваат морници“, вели Вујовиќ.

Поранешниот тренер на Вардар се потсети на времето кога беше главен човек на црвено-црните, а вели дека има и убави спомени од клупата на ППД Загреб.

„Кога заминав за Загреб, размислував како ќе ме прими публиката. На првиот натпревар беше коректно, но кога игравме со Барселона за влез во Ф4, влегов во арената, и 17 илјади луѓе станаа на нозе да ме поздрават. Тие кои следат ракомет, виделе на Јутјуб како ме дочекаа навивачите на Вардар кога со Загреб дојдов во Скопје. Како ме доживуваат луѓето во Словенија, во Шабац и Црна Гора. Жал ми е што не работев во БиХ, бидејќи го обожавам Сараево, Босна и Босанците. Не размислувам за верата. За мене добар човек е добар човек и така ќе биде засекогаш“, вели Вујовиќ.


Видео: 24 Ракомет

Тој се осврна и на обвиненијата од 2006, кога се тврдеше дека сакал да и „продаде“ натпревар на Хрватска во последното коло од втората рунда на ЕП.

„Луѓето ја искористија таа ситауција да направат афера и да ги сменат Зоран Миќовиќ, Веселин Вујовиќ и Јаран Станковиќ. Видовте какви ‘успеси’ направија. Да го продадев натпреварот на Хрватска значи дека тие никогаш нема да можат да ме ценат како човек. Ако си ги продал своите луѓе, тогаш и нив ќе ги продадеш. Мислите дека Загреб како награда ќе ме ангажираше да бидам тренер? Апсурдно. Да се продаде својот тим и своите луѓе за мене е еднакво на смрт“, вели Вујовиќ.

Scroll to Top