Top Sport

Вујовиќ: Навивачи, без вас Вардар не е Вардар

Ракометарите на Вардар се подготвуваат за новата сезона. Екипата, која поради здравствените протоколи на СЕХА, не доби можност да настапи на завршниот турнир, во новата сезона, во ЛШ, влегува со големи амбиции.

Вардар, под палката на Веселин Вујовиќ, сезоната во елитното натпреварување ќе ја отвори со гостувањето кај Елверум на 15.септември, првиот домашен мече црвено-црните ќе го одиграат една недела подоцна против Мешков Брест.

Вардар објави дека продажбата на сезонските билети ќе трае до 14 септември. Потоа доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што клубот дополнително ќе информира.

Тренерот на Вардар, Вујовиќ, преку социјалните мрежи им испрати порака на навивачите дека на играчите им е потребна нивната поддршка.

„Еве зад мене гледате празна сала. Поминаа скоро две години во кои Вардар игра пред празни трибини. Во тек е продажбата на влезниците за новата сезона. Ве замолувам што побрзо да си обезбедите билет, да дојдете, да навивате и му дадете поддршка на Вардар. Без вас Вардар не е Вардар“, вели Вујовиќ.

Scroll to Top