Словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ во знак на протест застана на голот на Словенија откако судиите решија во драматична завршница да им доделат пенал на Германците и реми 25:25.
Откако Паул Друкс израмни на десетина секунди пред крајот во напад во кој играа без голман, Словенија со брз напад преку Блаж Јанц погоди за 25:24 за победа, која веќе ја славеа на трибините.
Но, Германците извршија притисок на литванските судии кои десетина минути ја разгледуваа снимката по што решија да го признаат голот, но и да му доделат црвен картон на Блаж Благотиншек, по што Тобијас Рајхман победи за реми. Црвениот картон беше добиен поради тоа што Благотиншек по голот застана на центарот пред германските ракометари.
„Не знам што да кажам. Со што го заслуживме овој третман на ЕХФ не ми е јасно. Тоа е некое правило за кое не знае никој освен судиите и делегатите. Ако не си оддалечен три метри од изведувачот, тогаш бидејќи немаат време за црвен картон даваат пенал. Да имаше правда, Словенија сега ќе имаше четири поени, а има еден. Но, тоа ќе се заборави и ќе се вели Словенија е петта или дванаесетта“, изјави Вујовиќ, кој исто така не беше задоволен од судиите и во првиот меч со Македонија.
Фарса во Загреб, Словенија ја победи Германија, но судиите не мислеа така (видео)