Top Sport

Вујовиќ предлага воведување на нови правила

Омилениот тренер на навивачите на Вардар, Веселин Вујовиќ, предлага радикални измени во ракометните правила. Вујовиќ смета дека мора да бидат извршени промени во правилата за да може ракометот да остане конкурентен со најпопуларните спортови.

„Мој конкретен предлог е гол постигнат од 10 или повеќе метри да се брои како два. На тој начин екипите кои го бркаат резултатот би имале поголеми шанси. На пример при „минус 2“ на две минути до крајот крилниот играч трча во контра и шутира од десет метри. Тоа би донело нова димензија во играта, особено во шутерскиот дел, а тоа е она што го прави ракометот посебен спорт“, рекол Вујовиќ во интервју за „Спортске новости“.

Актуелниот тренер на Загреб смета дека мора да биде ограничен и нападот, најмногу на 35 секунди и да биде воведена видео-технологијата.

„Дефинитивно нападот мора да биде ограничен, на 30 до 35 секунди, а доколку има попречување кога се изведува топката по направен фаул, тогаш нападот треба да биде повторен. Така ќе добиеме чиста игра. Со воведувањето на видео-технологијата би се намалиле грешките. Да им се даде можност на тренерите да бараат „челенџ“. Спортот воопшто е скап, решава и судбини, грешките не се шега, можат да те уништат“, рекол Вујовиќ.

Scroll to Top